УСЛУГИ
Тековно, секојдневно чистење на деловни простории
(објекти, канцеларии, локали, чистење стамбени згради,објекти пред пуштање во употреба и сл.)
Нашето искуство ќе Ви овозможи, вашите вработени да се чувствуваат пријатно на работното место, и извршување на работните обврски во чиста работна средина. Со нашиот одговорен и искусен персонал, ќе се вклопиме со вашите потреби, со цел да се минимизира нарушувањето на вашето работно место.
Чистење стаклени површини
(достапни и тешко достапни и други услуги на височини)
Чистењето се извршува со професионални средства кои подолго го задржуваат сјајот. Освен стандардно чистење нудиме чистење на тешко достапни места. За извршување на оваа услуга користиме специјална опрема од реномирани светски производители (специјални појаси јажиња, атестирана алпинистичка опрема, алуминиумски скали и друга пропратна опрема). Работите ги извршуваат специјално обучени екипи, кои имаат обуки по меѓународни стандарди, со што имаат одлична техника и увежбаност.
Хигиенски услуги во станбени простории
Чистење и одржавање на влезови од згради
Како што секој дом е чист така и секој влез треба да биде чист затоа ние сме тука со минимум во два пати во една недела го чистиме влезот со обученио лице или тим за чистење на влезови. За влезовите имаме супервизор(контролор) кој ги проверува влезовите по извршената работа и ги контролира вработените.
Длабинско чистење
(гарнитури, столчиња, душеци, лежаи, автомобили, камиони, автобуси, перење теписи, завеси, варијолајт и венецијанер завеси, прекривки и сл.)
Професионалното отстранување на сите нечистотии, прав, честички, како и ОТПАДОЦИ од миленичиња од вашиот мебел, ги минимизира алергиските реакции. Машинското професионално чистење на тапацираниот мебел е од голема корист за родителите на малите деца, сопственици на домашни миленичиња како и за алергични лица. (во сопствен сервис или перење на лице место во вашиот дом или канцеларија)
Машинско чистење тврди подови
(паркет, мермер, гранит, терацо, линолеум и сл.) Работите се извршуваат по договор, тековно или периодично.
Нечистотија лесно се задржува на површината на керамичките плочки, особено на површините со текстура. Редовното машинско отстранување на нечистотијата ќе придонесе за враќање на сјајот на вашите плочки, мермер, и сл.Потребно е да се обрне посебно внимание во третманот и изборот на средства за одржување, кои се предуслов за долговечен сјај, боја и век на траење на сите типови подови.
Монтажа на висински недостапни рекламни платна и билборди
Ние со стручно спремен и обучен тим местиме, лепиме, одстрануваме и монтираме секакви видови на реклами и билборди на достапни и недостапни позиции.
Работа со дигалка до 20 метри
Работа со дигалка наменета за недостапни позиции до 20 метри за чистење на стакла, олуци, фасади. Дигалката е достапна и за изнајмување – се управува од страна на наши обучени лица.
Работа со дигалка до 9 метри
Работа со дигалка наменета за недостапни позиции до 9 метри за чистење на стакла, олуци, фасади. Дигалката е достапна и за изнајмување – се управува од страна на наши обучени лица.
Фарбање на достапни и недостапни позиции со ерлес пумпа
Ние со посебен остручен тим фарбаме железни површини со посебна пумпа под притисок за исфрлање на боја со која што ги заштитуваме и блежиме железните површини ние ги фарбаме сите железни, бетонски ,пластич и други површини како далеководи, силоси, фасади и сл.